Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 – Скопје вчера постапувајќи по жалба на одбраната, одлучи да го промени решението на судијата на претходна постапка и да му ја замени мерката притвор со домашен притвор на началникот на Петтата управа во Министерството за внатрешни работи. Горан Грујоски.
Грујовски е инаку првоосомничен во случајот „Тврдина“, а до правосилноста на одлуката право на жалба до повисоките судски истанци имаат Судот и Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Кривичниот совет претходно, по жалбата на СЈО, одлучи дека судијата на претходна постапка постапил исправно кога не издал налог за претрес на домот на Грујевски.
Началникот на Петтата управа на Управата за безбедноси и контраразузнување (УБК), Горан Грујоски, првоосомничениот во предметот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, во четвртокот доби притвор во траење од 30 дена.
Грујоски, според Специјалното јавно обвинителство, заедно со уште четворица се осомничени дека уништиле системи за следење во МВР веднаш по објавувањето на ткн „бомби“, од страна на опозициската СДСМ.
СЈО побара притвор само за Грујоски, додека за останатите, меѓу кои уште еден началник и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска побара мерки на претпазливост, односно одземање на патните исправи.
OhridNews
Извор: „Макфакс“