Синоќа, над 10 фолклорни групи од целиот свет имаа свој настап на летната сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ во рамки на фестивалот „Плетенка“.
Присутните во публиката имаа можност да уживаат во настапот на групите кои го презентираа нациналниот фолклор и препознатлив мелос од земјите учеснички, на летната сцена на која во минатото се одржуваа голем број настани од областа на културата .Постарите охриѓани апелираат надлежните повторно да ја стават во функција сцената.
Фолклорниот фестивал „Плетенка“ е во организација на КУД „Плетенка“ Охрид и ИФФОМ.
OhridNews