По завршувањето на празнувањето на празникот посветен на чудотворецот Свети Наум, екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” уште од раните утрински часови пристапија кон расчистување на манастирскиот комплекс, информираат од јавното претпријатие.

– При тоа беше собрано големо количество отпад (околу 15 м3), а ангажирани беа 15 вработени и специјално возило. Со цел постигнување поголем степен на јавна хигиена, оваа акција нашето претпријатие ја организира традаиционално секоја година по завршувањето на празнувањето, велат од ЈП Охридкси комуналец.

OhridNews