Речи цела смена во фабриката „Леар“, која се наоѓа во технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, ноќеска биле затруени, најверојатно со храна, информираат извори од Клиничкиот центар во Тетово. Според информациите, 220 работници во фабриката за автомобилски седишта „Леар“, вечерале во еден часот по полноќ, а неколку часа подоцна почувствувале стомачни тегоби, по што добиле дијареа.
Вработените околу четири часот побарале лекарска помош и со возила на итна медицинска помош биле пренесени во тетовската Клиничка болница, додека дел од нив биле препратени во гостиварската болница.
OhridNews
извор Макфакс