Од оваа сезона, од локалната самоуправа најавуваат дека ќе се зголеми и бројот на бесплатни паркинзи. Еден од нив ќе биде и просторот помеѓу Економското училиште и ОУ „Григор Прличев“.
– Овој простор ќе се користи за бесплатно паркирање на возилата, со можност за отворање на пешачка патека по која секој кој ќе го паркира возилото на оваа локација ќе може директно да излезе на улицата Димитар Влахов, вели Зоран Шикалески од Секторот за сообраќај при локалната самоуправа.
И летово полигонот ќе се користи како паркинг
Шикалески информира дека оваа сeзона има можност како бесплатен паркинг простор да се користи и некогашниот полигон за Мали спортови.
– Паркирањето на полигонот нема да се наплаќа, во тек се преговорите со сопственикот ГП „Гранит“ околу неговото отварање, со што дополнително би се зголемила наведената бројка од нови 250 паркинг места, вели Шикалески.
Со зголемувањето на бројот на паркинг местата се очекува дека ќе дојде до намалување на сообраќајниот хаос кој е најголем во текот на летната сезона.