Над 400 матуранти од сите средни училишта во Охрид утре ќе бидат дел од матурската парада на градскиот плоштад со почеток во 12 часот.
И годинава за подготовка на матурантите беше задолжена проф. м-р Катерина Стојаноска која вели истите течат во најдобар ред.
Обучени се сите матуранти. Се игра на звуците на музиката од Штраусовата опера “Лилјакот”. Овој настан го симболизира преминот од средно образование кон нови животни предизвици и испраќа порака за мир и толеранција, потенцира Стојаноска.
Инаку, „Квадрилот“ е класичен танц со потекло од 18-от век кој се изведува во 4 делови: панталон, ете, пасторел и финале.
Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа “Уршка” во Љубљана.
Н.С.Ј.