Неколку илјади верници, вчера, присуствуваа на традиционалниот црковно народен собир кај црквата посветена на  Света Богородица  во Скребатно,  кој традиционално веќе неколку години по ред се организира во ова охридско село.


Како и секоја година така и оваа, се одржи наддавање за светиот крст, а собраните средства ќе бидат искористени за надградба и одржување на светиот храм и излетничкото место.


Не изостана и празничниот ручек, на кој секоја година присуствуваат голем број верници од селото и околината.

Веќе петнаесетина години црковните одбори во кои членуваат повеќе истакнати граѓани по потекло од скребатскиот крај трпеливо го надградуваат црковното место кое од година во година привлекува се поголем  број постители. Црквата целосно е возобновена пред 5 години на темелите на стариот храм, кој со точност не се знае од кога потекнува. Скребатно за прв пат во пишан документ се спомнува во 1583 година.

OhridNews