Втората сезона од популарната веб комедија Идиотека урива рекорди. Воведните две епизоди од серијалот ги виделе над 40.000 посетители на најчитаниот интернет медиум во поширокиот регион OhridNews.

„Идиотека“ е авторски проект на познатиот охридски актер Никола Тороски, а се реализира во продукција на OhridNews. Љубителите на веб комедијата денеска премиерно можат да ја проследат третата епизода од серијалот која носи име „Меморија“.


OhridNews