Крводарителите и сите учесници на манифестацијата со бродот Александрија пристигнаа на плажата, каде, во прекрасен амбиент, крводарителите даруваа крв, но и се дружеа. За прекрасната атмосфера и забава се погрижија голем број естрадни уметници од македонската музичка сцена.
Како што потенцираат организаторите, тенденција е оваа акција да премине во традиционална.
– Поради недостаток на финансиски средства за организирање на крводарителските акциии, кои сеуште не се пристигнати од страна на Министерството за здравство на РМ, Црвен крст Охрид е принуден да ја одложи следната крводарителска акција со крводарители од МЗ „Даме Груев“ од Скопје и „Тутунскиот комбинат“ од Прилеп, која требаше да се одржи во втората недела на месец јули, информираат од општинскиот Црвен крст.