52 лица, меѓу кои и 18 деца, се повредени откако маж со автомобил влета во карневалска поворка во градот Фолкмарсен, во западна Германија. Пријавено е дека 35 лица се потешко повредени, а 17 полесно. Инцидентот се случил вчера.

Според медиумите во Германија, 29-годишниот Германец, е уапсен под сомнение за обид за убиство, но не бил во можност да биде сослушан од полицијата бидејќи се здобил со повреда на главата.

И покрај низата шпекулациите за инцидентот дека е политички мотивиран деликт, дека е предизвикан од психолошки проблеми или алкохол, засега нема официјална изјава од надлежните органи.

OhridNews