49 реферати од над 60 научни работници од земјава и странство ќе бидат претставени на втората по ред Меѓународна конференција која, во организација на Институтот за социокултурна антропологија и универзитетот ЕСРА, од 17- ти јануари ќе се одржи во Охрид.
– Целта е да се согледаат најновите истражувања и резултати од областа на заштитата и афирмацијата на културното наследство и негова валоризација во туристички цели. Единствено што може добро да се продаде како туристички производ е културното наследство, секако доколку со него добро се менаџира, вели професор Рубин Земон од организациониот одбор на конференцијата.
Новина е што годинава пред официјалниот почеток на конференцијата во куќата на Уранија ќе биде отворена изложба на фотографии „ Археолошките бисери на Азербеџан“.
Конференцијата се одржува со поддршка на локалната самоуправа, МАНУ и Завод и музеј- Охрид.
OhridNews