На свеченото отворање во спортската сала „Атина бојаџи“ присутните ги поздрави градоначалникот Александар Петрески, кој истакна дека е голема чест да се биде домаќин токму на јубилејната , 25- та средба на угостителските експерти од голем број земји.
– Вие сте тие кои од храната создавате уметност и со неа ги задоволувате и најпрефинетите вкусови на гостите. Ќе престојувате во најголемиот туристички центар во Македонија . Вие учесниците ќе бидете наши најголеми амбасадори и по враќањето во вашите земји ќе ја раскажите приказната за убавините на Охрид и Македонија. Во Охрид сите цивилизации оставиле свои траги, траги ќе остават и сегашните генерации, рече градоначалникот Петрески.
Како што потенцира претставникот од министерството за образование и наука, Наташа Јаневска, собирот претставува можност за размена на знаења и искуства помеѓу училиштата членки на асоцијацијата.
– Министерството за образование вложува во стручното образование на младите со цел да ги засили нивните компетенции и да го подигне имиџот на средното стручно образование, при тоа да ги поттикне младите да се запишуваат во средните стручни училишта кои нудат перспектива и вработување, додаде Јаневска.
Конфернција на АЕХТ минатата година се одржа во Хаг, Холандија. Инаку АЕХТ е Европската асоцијација на хотелско-туристички училишта во која членуваат угостителски училишта, виши и високи школи за угостителство од 44 Европски земји. Асоцијацијата била создадено во 1988 година на иницијатива на угостителските експерти Жан-Пол Бернар и Мартин Брудер.