По  тринеделниот зимски распуст, денес,почнува второто полугодие од учебната 2012/2013 година.

Во школските клупи во општина Охрид  повторно ќе седнат 4821 ученик во основните и 2072 ученици во средните училишта.Од локалната самоуправа информираат дека нафта за греење има во доволни количини и дека се е подготвено за стартот на второто полугодие.

На крајот од оваа учебна година учениците ги очекува и екстерното тестирање , чија цел е да се оцени колку наставниците објективно го вреднувале нивното знаење.

OhridNews