На 14 и 15 јуни 2012 година се одржа првиот уписен рок за ученици во прва година во учебната 2012 / 2013 година во средните училишта.

Во Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ вкупно се запишале 285 ученици од кои 211 во гимназиско образование, а 74 ученици во стручно образование, од кои пак 58 се запишале на економска струка, а 16 на здравствена струка. Слободни места во ОСУ „Св. Климент Охридски“ остануваат уште вкупно 157 од кои 61 за гимназиско образование, 78 за економска струка и 18 за здравствената струка.

Во Општинскиот електро машински училишен центар „Св. Наум Охридски“ за четиригодишно траење на образованието вкупно се запишале 89 ученици, сите според следење на наставата на македонски јазик. Слободни места за четиригодишно траење на образованието има уште вкупно 285 од кои 217 се на македонски јазик, а 68 на албански јазик. За тригодишно траење на образованието запишани се 2 ученици, а слободни места остануваат уште 22.

Во Општинското угостителско туристичко училиште „Ванчо Питошески“ за четиригодишно траење на образованието вкупно се запишале 17 ученици, а слободни места остануваат уште 51. За тригодишно траење на образованието вкупно се запишале 42 ученици, а слободни места остануваат уште 196.

OhridNews