Над 800 книги се донацирани за библиотека во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од страна на Славко и Борис Филипчеви, информираат од училиштето.

Во книгите има лектирни изданија, детска литература, стручни книги од различни области, бестселери од домашни и странски автори, енциклопедии, речници и друга литература. Само со соработка во заедницата се гради меѓусебна почит, се вложува во учениците и се шири љубовта кон книгата, литературата, творештвото и јазикот, велат.

Додаваат дека учениците Андреј Ангелоски, Александар Ковачески, Филип Филиповски и Даниел Митрески заедно со професорот по Македонски јазик и литература, м-р Перчо Божиновски имаа директна можност да се сретнат со почитуваниот г. Славко Филипчев во неговиот дом и да поразговараат околу насловите кои ги заинтересираа, но и воопшто за целиот книжен фонд кој е достапен за сите ученици.

Директорката Светлана Велкоска им додели Благодарница за донацијата и збогатувањето на гимназиската библиотека.

OhridNews