Во контролата што била спроведена изминатиот викенд на територијата што ја покрива СВР Охрид, полициските службеници констатирале 136 прекршоци меѓу кои: 37 пречекорувања на дозволената брзина на движење, 3 случаи на непрописно престигнување, 4 технички неисправни возила, 3 случаи на управување возило без важечка возачка дозвола, 5 случаи на разговор на мобилен телефон во тек на управување моторно возило…

Полициските службеници одзеле 4 моторни возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола подолго од 6 месеци. Во текот на контролата, кај 11 возачи било утврдено присуство на алкохол по што веднаш биле исклучени од сообраќај. За сите прекршоци изготвени се соодветни санкции. – соопшти СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Тој, на 22.02.2021 уценувал жител на Охрид барајќи му пари за да не оди на суд за кривично дело „разбојништво“, во кое бил инволвиран неговиот син. – информира СВР Охрид.

OhridNews