Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со победата 2-1 во сетови над Милош Раониќ во 1/4 финалето ги комплетираше најдобрите четири тенисери на турнирот од мастерс серијата во Мајами.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори, кој го елиминираше Рожер Федерер во 1/4 финалето.
Во женска конкуренција за тронот во Мајами ќе се борат првата и втората носителка Серена Вилијамс односно Ли На.
Мх.П.











