Рафа Надал, третопласираниот на АТП листата, нема да го брани златниот медал на тенискиот турнир на Олимписките игри во Лондон.

Шпанецот кој има хронични проблеми со колената, изјави дека морал да донесе ваква одлука, бидејќи „не се чувствува подготвен“ за да може да се натпреварува.

„Сметам дека не сум доволно подготвен да им се спротиставам на противниците. Ова е еден од моите најтажни моменти во мојата кариера“, изјави разочараниот Надал, која пред четири години на Игрите во Пекинг го освои златниот медал.