Шпанецот Рафаел Надал ја освои титулата на последниот грен слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на САД. Надал во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ со 3:1 (6:2, 3:6, 6:4, 6:1), финалниот меч траеше три часа и 20 минути. 

Надал во Њујорк ја освои својата втора титула по онаа во 2010 година и ја зголеми бројката на титули од грен слем турнирите на 13. Надал во Њујорк ја забележа 22-та победа во 38-от дуел со Ѓоковиќ.

Титулата во Њујорк е 10-та оваа сезона за Рафа Надал.

Решавачки за победата беше финишот на третиот сет, кој Ѓоковиќ со серијата грешки му го подари на Надал. Српскиот играч при резултат 4:4 имаше три врзани брејк топки кои не ги искористи, а потоа на свој сервис водеше 30:0 и му дозволи на Надал да го освои сетот.

Надал имаше помалку винери 27, Ѓоковиќ 46, но и помалку незнудени грешки само 20, додека српскиот тенисер имаше 53.

OhridNews
извор:„Макфакс“