Шпанецот, Рафаел Надал ја освои титулата на Ролан Гарос откако во финалето со 3:1 (7:5, 7:6, 5:7, 6:1) го победи Роже Федерер.


За Надал ова е шеста титула во Париз, со што според бројот на освоените трофеи се израмни со Бјерн Борг. Во финалниот меч против Федерер кој траеше три часа и 40 минути, покрај титулата Надал го задржа и првото место на АТП листата.

Надал и Федерер во Париз имаат одиграно четири финални меча, на сите победи Шпанецот,кој за победата во Париз освои 1,2 милиони евра.

Ohridnews
извор Макфакс“