Рафаел Надал по осми пат го освои трофејот од гренд слем турнирот Роланд Гарос. Во шпанското финале Надал го совлада Давид Ферер со 3-0 во сетови (6-3, 6-3, 6-3).

– Ова е голема победа за мене, фамилијата и моите навивачи. Знаат сите како ми беше додека се мачев со повредата им благодарам на сите за поддршката затоа оваа титула им ја посветувам нив – рече Надал.

Ферер, кој не успеа во првото финале на гренд слем турнир да стигне до златното одличје беше задоволен што имаше шанса да се бори со Надал во финалето.

Мх.П.