Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, точно после една година и шест дена повторно се искачи на врвот од АТП листата.

33-годишниот Надал од првото место го симна Новак Ѓоковиќ кој и покрај победата на Мастерс турнирот во Париз не успеа да ја задржи водечката позиција.

Одлуката за најдобар тенисер според АТП листата ќе падне во Лондон каде Надал пред себе ќе има предизвик да го одбрани а Ѓоковиќ нападне тронот.

Третата позиција на рејтинг листата резервирана е за Рожер Федерер. Швајцарецот кој е во залезот на кариерата далеку е од Надал и Ѓоковиќ кои водат жестока битка последниве година дена.

Првата петторка во „белиот спорт“ ја комплетираат Данил Медведев и Доминик Тим.

OhridNews