Надал од 2005 година четири пати по ред го освојувал Париз. Неговата повреда во 2009 година, ја искористи Федерер, само да ја прекине таа низа. По таа година, три години во низа Надал ја освојува круната во француската престолнина.
– Четитам на овој голем успех, и благодарам на публиката за подршаката во овој период и до вашата љубов кон овој спорт. Им благодарам на моите соработници, прв пат играм во ова финале и се надевам дека во година ќе бидам повторно овде во обид да го освојамо овој турнир – рече поразениот во финалето Новак Ѓоковиќ.
– Сакам да ви се заблагодарам на одличната организацијата, за мене е голема чест да играм вакви мечеви против најдобриот на светот. Овој турнир за мене е големо задоволство да бидам во финалето од овој турнир. Има место во мојот “регал“ за уште еден ваков трофеј – рече седумкратниот победник Надал.