Повредата на двете колена сеуште го мачи шпанскиот тенисер Рафаел Надал. Поради тоа рекетот број четири Надал го пропушти УС Опен на кој триумфираше Енди Мареј.

Настапот на Рафаел Надал на Австралија Опен е доведен под знак прашалник откако рехабилитацијата треба да трае подолго време од предвиденото. Играњето на најстариот АТП турнир Вимболдон дополнително ја влошила состојбата на двете колена.

Мх.П.