Анонимниот тенисер Лукаш Росол во второто коло од АТП Турнирот, Вимболдон го елиминираше Рафаел Надал со 3-2 (7:5, 4:6, 4:6, 6:2 и 4:6).

Росол кој во моментов е 100-ти на ранг листата во досегашните пет учества на Вимболдон ги завршувал во првата рунда, но сега во втората успеа да го елиминира Надал.

Елиминацијата на Надал е голем удар за шпанскиот тенисер. Пред еден месец шпанскиот тенисер го освои Роланд Гарос а сега испадна од “непознатиот“ Росол.

Мх.П.