Во една од двете полуфинални пресметки на најстариот грен слем турнир Вимболдон силите ќе ги одмерат големи ривали и пријатели, Рафаел Надал и Рожер Федерер. Шпанецот и Швајцарецот одбележаа една од ера во тенисот, а секој нивни дуел е нова приказна. Една таква безвременска се очекува на главниот терен на Вимбодлон кој ќе се одигра в петок во 17 часот.

  • Чуството да се биде помеѓу најдобрите е одлично, а исто така и да се игра тенис на вакво висо ниво. Среќен сум поради начинот на кој дојдов до овде. Надигрувањето со Федерер секогаш е посебно за мене. Ме радува што повторно ќе имам прилика да игра против него на значаен турнир и фаза секако. Се помалку се сретнуваме еден против друг, но добро е што сме повторно тука, во самиот крем од тенискиот свет. – изјави шпанскиот тенисер Рафа Надал.

Последен пат, Надал и Федерер на Вимболдон се сретнаа 2008 година а победата му припадна на Шпанецот. Тој изјави дека многу пати губел и победувал против Федерер, но ривалството не го нарушило пријателството.

OhridNews

Обновено: Баутиста го предизвикува Ѓоковиќ, нов тениски шлагер во полуфиналето