Шпанскиот тенисер Рафаел Надал триумфираше на мастерс турнирот во Монтреал. Надал во финалето го совлада Милош Раониќ со 2-0 во сетови (6-2, 6-2).


За Шпанецот ова е трет трофеј во Монтреал, а 25-ти од турнирите во рамките од мастерс турнирите.

Главната битка за пехарот Надал ја извојува во полуфиналето кога успеа да го елиминира рекетотот број еден Новак Ѓоковиќ.

Мх.П.