Шпанскиот тенисер Рафаел Надал раскажа како се чувствува по зафатот на стапалото.
Веќе можам да одам нормално. Ова е главната работа. Кога ќе се разбудам, веќе ја нема болката што ја доживеав изминатава година и пол, па затоа сум многу среќен. Севкупно сум подобар. Немаше ниту еден од тие страшни денови во последните две недели каде што воопшто не можам да се движам, изјави Надал за „Tennis Majors“.

Триесет и шестгодишниот тенисер неодамна продолжи со тренинзите откако беше подложен на третман со радио-френкфетни зрачења во Барселона.
OhridNews










