Фудбалот и тоа женскиот беше топ тема во последните неколку месеци во Јапонија. Ако мечевите до полуфиналето се следеа со намален интензитет, вистинска еуфорија се случи по полуфиналната победа над домаќинот Германија.

Финалниот натпревар против САД иако се одигруваше во 4 наутро по јапонско време, постигна огромна гледаност, а за време на натпреварот беше поставен светски рекорд во испратени твитер пораки во минута.


Јапонскиот тим со победничкиот пехар пристигна во Нарита каде беше пречекан од неколку стотици фанови и преку 300 медиа репортери со зборовите “хероите пристигнаа“.  За светските првенки беше организиран прием кај јапонскиот премиер кој рече оти доста може да се научи од нивната упорност.


Прекарот на женскиот фудбалски тим е “Nadeshiko”, тое а јапонско цвеќе кое е убаво, розево и многу издржливo. Тимот ,,Nadeshiko” на светското првенство замина со енергијата на жртвите од катастрофалниот земјотрес и цунамито што ја зафати земјата, победата на Мундијалот ја врати насмевката на милиони јапонци кои во послениот период минаа низ најтешкиот дел од својот живот.

од Токио за Ohridnews
Адријан Битрак