Младинската репрезентација на Шпанија ја освои европската титулата на првенството во Израел. “Надежите“ на „фуријата“ во финалето ја совладаа селекцијата на Италија со 4-2.


Херој на шпанската селекција беше фудбалерот на Барселона, Тиаго Алкантара, кој постигна три погодоци додека четвртиот беше дело на Иско. Погодоците за „азурите“ во финалето ги реализираа Имобиле и Борини.


Со триумфот на ЕП за играчи под 21 година Шпанија ги обедини титулите во Европа. Минатата година на континенталниот собир во Украина и Полска, А селекцијата на Шпанија ја освои титулата и тоа победивајќи ја Италија во финалето со 4-0.

Мх.П.