Македонската фудбалска репрезентација за фудбалери под 19 години, попладнево во Костур ќе го одигра вториот тест-меч со соодветната селекција на нашиот јужен сосед.


Во првиот натпревар од низата подготвителни избраниците на Драган Бочески беа поразени со 2-1. Покрај овај двомеч до стартот на квалификациите за ЕП 2011 година во Истанбул, “надежите“ ќе одиграат уште неколку пријателски средби и тоа со селекциите на Романија и Белорусија.


Квалификациите се играат во мај/јуни, а Македонија е во група со Германија, Унгарија и домаќинот Турција. Само првопласираниот тим ќе обезбеди учество на континеталниот собир на лето во Романија.

М.П.