Македонската фудбалска репрезентација под 19 години претпре пораз во вториот меч од предквалификацискиот турнир за ЕП 2011 во Сараево, Бих.


Поуспешни од избраниците на Драган Бочески беа репрезентативците на Белорусија кои со подобра игра во вториот дел стигнаа до бодовите. Глебко во 58 минута го отвори резултатот, водството на 2-0 го зголеми Јевлаш во 75. а конечните 3-0 ги постави Шаталов во последните моменти од мечот.

Во останиот натпревар во групата домаќинот БИх И Чешка ремизираа играјќи без голови 0-0.

По две одиграни кола пласман понатаму обезбеди Белорусија, која забележа две победи, Македонија со 3 е втора додека по еден бод имаат Бих И Чешка. Во последното коло Македонија игра против домаќинот Бих и со реми “црвено – жолтите“ ќе обезбедат пласман во втората рунда квалификации.

Ohridnews