Македонската фудбалска репрезентација под 19 години претпре пораз од домаќинот Турција 3-1 во првиот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенствошто се игра во Романија.


Избраниците на Драган Бочески поведоа во 16 минута од мечот преку Фахрудин Ѓурѓевиќ. Предноста ја чуваа се до 56 минута кога капитенот на домаќините Муахмет Демир издначи на 1-1. Истиот играч во 64 минута зголеми на 2-1, а хет трикот го комлетираше во 85 минута од мечот.


Во самиот финиш од мечот Драгарски заработи директен црвен картон.

Во останатиот натпревар во нашата група Германија со 3-0 ја победи Унгарија.

Наредниот противник на Македонија на 2 јуни е селекцијата на Германија, додека домаќинот Турција ќе игра против Унгарија.

М.П.