Со цел подобрување на квалитетот на услугите кон корисниците, ЕВН Македонија планира надградба и одржување на постоечкиот систем за наплата. За оваа цел ќе се искористи периодот од 28 април (четврток) од 15:30 до 3-ти мај (вторник) до 07:30, кога фреквенцијата на наплатните пунктови на ЕВН Македонија е намалена поради претстојните велигденски и првомајски празници.
Од ЕВН Македонија ги известуваат корисниците, деловни партнери и надворешни соработници дека во овој период не ќе можат да ги користат електронските услуги на ЕВН, како електронското плаќање на сметките и сите други информации од центарот за односи со корисниците кои се поврзани со системот за наплата. Плаќањето на сметките за потрошена електрична енергија како и досега ќе може да се изврши во сите банки и пошти.
На располагање останува телефонскиот број за информации (0890 88888) во Центарот за односи со корисници каде што може да се пријават евентуални проблеми во снабдувањето со електрична енергија и барања поврзани со конкретни услуги на ЕВН.
На сите барања и прашања евидентирани во контакт центарот ќе биде одговорено во најбрз можен рок по воспоставување на новите софтверски решенија. Надградбата е во функција на подобрување на услугите за корисниците, што е примарна цел на ЕВН Македонија.
Ohridnews