Бројни реакции пристигнаа до нашата редакција по натписот за опасните кабли на градското пристаниште. Дел од читателите и со конкретни предлози, но и сугестии надлежните да преземат мерки за безбедно напојување со енергија на бродовите. Според неив неопходно е да се преиспита како се врши напојување на бродовите.
– Ако е потребно нека се испратат надлежни лица од капетанијата и општината во Грција или Хрватска за да видат како таму е организирано, тие имаат долга традиција и регулатива околу ова проблематика и верувам дека може да се побара и стручна помош. Исто така верувам дека со испитувањето на бродовите избраната фирма „Веритас“ ја проверила и инсталацијата на бродовите. Можеби најдобро решение е во бродовите да се користи исклучиво права струја од 24В, т.е. на пристаништето да има конвертор и полнач на акомулатори, а истиот да врши услуга за повеќе пловни објекти, на комерцијална база. – предлага читателот Мите.
OhridNews вчера објави фотографии на кои се гледа како пловните објекти закотвени на пристаништето влечат струја над вода од руинирано ормарче. Каблите се распослани по пристаништето и бродовите, а ормарчето целосно незаштитено.
OhridNews