Претставниците на надлежнитѕе институции, денеска, на иницијатива на СВР Охрид, одржаа работен состабик на кој беа утврдени активностите во насока на безбедно одвивање на сообраѓајот во зимскиот период.

Договорено е да се врши континуирано и постојано ажурирање на оперативните планови  за работа во текот на зимската сезона на сите субјекти по време и простор, со конкретен ангажман за секој вработен и работни обврски во текот на целото работно време (24 часа). Исто така ќе се вршат редовни и зачестени меѓусебните контакти на  сите надлежните субјекти и 24 часовно меѓусебно информирање  за сите појави и состојби на коловозите на патиштата заради навремено чистење на снегот и брзо преземање на сите неопходни мерки со цел безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови.

Специјалните возила на ЈП „Македонија пат“ подружница Битола, секција Охрид, навремено и интензивно ќе излегуваат на патните правци што се во нивна надлежност за одржување во зимски услови и ќе биде зголемен бројот на возилата со специјална опрема за зимско одржување на патиштата на подрачјето на општина Охрид.

Општинскиот инспекторат при локалната самоуправа ќе го интензивира надзорот и контролата за одржување на јавната чистота и чистењето на снегот од јавните површини и отворените простори.

Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид ќе презема активности и ќе го засили присуството на униформирани полициски службеници на сите патишта од локален и регионален карактер, со цел преземање мерки на превентивентивен и репресивен план за зголемување на безбедноста во одвивањето на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

На средбата било договорено надлежните служби да остваруваат навремени и постојани контакти со средствата за јавно информирање со цел благовремено запознавање и информирање на јавноста и учесниците во сообраќајот за проодноста и другите состојби на патиштата.

OhridNews