„Младите и деликвентното однесување во училиштата и и угостителските објекти„ е темата на состанокот на кој ќе биде направена и анализа на сторени прекршоци во изминатиот период.
19-та средба со Советодавната група граѓани од Охрид, ќе биде искористена и за дискусија по темата „Непочитување на Законот за угостителско туристичка дејност и на Законот за пркршоци против јавниот ред и мир и влијанието врз безбедноста во туризмот„.
На овој состанок што ќе се одржи во 12 часот во просториите на територијалната против-пожарна единица во Охрид, покрај претставници на СВР Охрид, ќе присуствуваат претставници од Основниот Суд во Охрид, од Општинскиот Сектор за образование , претставници од центарот за социјални работи, од советот на родители и локалниот совет за превенција, од Комисијата за туризам при ТЛЕР Охрид, од државниот пазарен инспекторат, од Општинскиот инспекторат за заштита на животната средина, од Еснафот на угостители на град Охрид, претставници на ОБСЕ, како и невладини организации и медиуми.