Секторот за внатрешни работи Охрид и Оделението за превенција, утре напладне  ќе го одржат 20-от состанок со Советодавната група граѓани од Охрид.

Темата на состанокот е  „Среќни и безбедни матурски вечери„ . Предвидено е да се направи компаративна анализа на состојбите за време на Матурските вечери во 2009 и 2010 година.          

20-та средба со Советодавната група граѓани од Охрид, ќе биде искористена и за дискусија во однос на асоцијалното однесување кај младите, а ќе биде одржана и кратка „ power point„ презентација на тема „Законската регулатива и обврските на родителите во врска со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата„

На овој состанок, што ќе се одржи во 12 часот во просториите на Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески„, покрај претставници на СВР Охрид, ќе присуствуваат претставници, односно координатори за прослава од училиштата, од матурантските односно полу-матурантските одбори на ученици,  од Општинскиот Сектор за образование , претставници од државниот просветен инспекторат, центарот за социјални работи, од советот на родители и локалниот совет за превенција, од Општата болница Охрид и здравствен дом Охрид, претставници на ОБСЕ, како и невладини организации и медиуми.

OhridNews