“Превенција на насилството во училиштата” е темата на 21-от состанок што Секторот за внатрешни работи Охрид го организира со советодавната група граѓани од Охрид.

На средбата која ќе се одржи утре во 12 часот во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески„ ќе бидат изнесени мерките и заложбите на полицијата за сеопфатно делување и зголемување на безбедноста во училиштата како и неопходноста од зголемување на степенот на соработка со граѓаните и школските центри во превенирањето на асоцијалното однесување на младите во заедницата. 
 
Средбата со Советодавната група граѓани од Охрид, ќе биде искористена и за дискусија, договарање на мерки и градење стратегија за превенција на насилството на спортските натпревари.

На средбата со Советодавната група, покрај претставници на СВР Охрид, ќе присуствуваат претставници од Локалниот совет за превенција, од секторот за образование во локалната самоуправа, од државниот просветен инспекторат, од центарот за социјални работи, невладините организации, на навивачката група „Рибари„ како и  претставници на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

Ohridnews