
Во Македонија постојат ралични типови насилство, но најизразени се случаите на семејно насилство во кои често жртви се децата. За жал ние немаме адекватен систем на регистрација и собирање на такви податоци, но истражувањата што минатата година ги направи Националната комисија за превенција на насилството, укажуваат дека проблемот е доста распространет, вели Татјана Шикоска, национален координатор за подготовка на Акционит план за борба против насилството.
Во Македонија не постои ниту доволно свест за последиците од насилството и зошто ова ни се случува, а не постои ниту системски одговор на институциите, додава Шикоска. Токму затоа потребно е најпрвин да се идентификуваат причините за насилство и да се утврди бројот на таквите случаи за да може ефикасно и пред се превентивно да се делува, рече Шикоска.

Според неа Македонија добро стои на полето на превенција на насилството, а Акциониот план што наскоро треба да биде донесен, според неа, ќе ја зголеми ефиксноста на институциите кои се вклучени во борбата против насилството.
Мислењата на експертите кои ќе бидат изнесени на стручните работилници ќе бидат земени во предвид при изготвување на национална стратегија за борба против насилството.
Г.М.











