На средбата е предвидено да се изврши презентација на предвидените мерки за работа во текот на зимската сезона, како и ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона, кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика.
Работниот состанок е во организација на Секторот за внатрешни работи Охрид. Ќе присуствуваат претставници од Полициските станици за безбедност на патниот сообракај, од јавните претпријатија, како и претставници од локалните самоуправи од општините Охрид и Дебрца.