Предлог мерки и подготовки за дејствување на сите субјекти повикани за зимското одржување на патиштата, е тема на работниот состанок што денеска ќе се одржи во хотелот „Амбасадор“ кај Подмољје.
Работниот состанок го организира Секторот за внатрешни работи Охрид со цел презентација на предвидените мерки за работа во текот на зимската сезона 2012/2013 година но и ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика.
На состанокот ќе бидат присутни претставници на Секторот за внатрешни работи Охрид, од Полициската станица за безбедност на патниот сообракај, на јавните претпријатија и на локалната самоуправа.