Претставници на општинските служби, по задолжение на градоначалникот Никола Бакрачески, беа во посета на Митра Секулоска, која во селото Горно Лакочереј живее во тешки услови.
Од локалната самоуправа информираат дека во наредните денови, ќе продолжи координираната акција со останатите надлежни иституции со цел подобрување на условите за живот на жената која живее сама и во несоодветни услови.
Надлежните најавуваат и трајно решавање на проблемот.
OhridNews