Надлежните органи почнаа да преземаат мерки за откривање и казнување на физичките лица коишто неовластено тргуваат и вложуваат во странски хартии од вредност преку интернет-платформим, јавува „Макфакс“.
 
Министерството за финансии, Народната банка и Комисијата за харитии од вредност испратија заедничко соопштение преку кое ја информираат јавноста дека согласно со Законот за девизно работење, физичките лица – резиденти на Република Македонија, не смеат да вложуваат во хартии од вредност во странство.
 
Тргувањето, односно вложувањето во акции, обврзници, инструменти на пазарот на пари, деривативни финансиски инструменти и во други финансиски инструменти на странските финансиски пазари преку интернет-платформите е забрането, се нагласува во соопштението.
 
Казните за физичките лица коишто вложуваат во странски хартии од вредност на овој начин се во висина од 1.500 до 3.000 евра.
 
Реакцијата на надлежние органи уследи откако во последно време се забележувал наплив на понуди за заработка со тргување преку интернет-платформите.
 
Овие платформи ветуваат остварување големи приноси и дополнителни парични средства за вложување, со цел полесно привлекување на потенцијалните инвеститори. Тргувањето преку интернет-платформите со себе носи голем број ризици и може да доведе до високи загуби за вложувачите, се ситакнува во соопштението.

OhridNews

„Макфакс“