Во 28 крводарителни акции, Општинската организација на Црвениот крст од Охрид, лани, собрала вкупно 2608 единици крв. Ова е за 43 % повеќе од годишниот план за крводарителство за 2009 година. Од Црвениот крст велат дека сите крводарителни активности ги реализирале во соработка со Трансфузиолошката служба при Општата болница во Охрид и кабинетот за трансфузиологија при болницата Св. Еразмо.  Тие се надеваат  дека со оваа висока бројка, на собрани крвни едници, ќе заземат некое од  првите места на ниво на Македонија.


-Анализата и рангирањето на општинските организации, според собраните единици на крв за 2009 година сеуште не е завршено. Тоа ќе биде објевено на 17 март 2010 година, на свеченоста за Денот на крводарителството во Република Македонија. –вели Сашо Точков, претседател на Црвениот крст во Охрид.

Тој објаснува дека со проценката и анализата за работењето на 35-те општински организации на Црвениот крст во Р.М., која била изработена во втората половина на 2009 година, Охридскиот Црвен крст, според квалитетот, содржината и бројноста на активностите е една од најдобрите хумани организации во Македонија.

Е.Е.