Проблемот со недостиг на одделенски наставник во подрачното училиште “Григор Прличев“ во село Рача е надминат и решен согласно сите законски прописи и норми, информираат од локалната самоуправа.
– Од 1-ви февруари годинава по претходно добиена согласност од Министерството за образование, со работа почна одделенски наставник за учениците од прво одделение. Со тоа се надмина потребата од комбинирана паралелка во ова подрачно училиште. Проблемот беше создаден во учебната 2012/2013 година, кога е формирана една паралелка повеќе, без притоа да се запазат законските норми и принципите за функционирање на образовниот сиситем на локално ниво, потенцираат од локалната самоуправа.
Комбинираната паралелка во училиштето започна со работа на почетокот на второто полугодие, по што следуваше бојкот на наставата и низа реакции од родителите кои сметаа дека не е правилно решение првооделенците наставата да ја следат во иста паралелка со ученици од петто оделение.
OhridNews