Кристијано Роналдо, синоќа не присустуваше на доделувањето на „Златната топка“ која замина во рацете на Лионел Меси, но Португалецот успеа да се избори за награда откако прогласен беше за најдобар фудбалер во Серија А за минатата сезона.

Португалскиот репрезентативец во дебитанската сезона во калчо лигата стигна до титулата со Јувентус. Роналдо постигна 21 погодок и ја подели наградата за најдобар стрелец со  Дуван Запата од Атланта и Фабио Кваљарела од Сампдорија.

  • Чест ми е што бев најдобар стрелец во Серија А. Им благодарам на соиграчите, но и на сите играчи кои гласаа за мене. По две сезони во Серија А, можам да речам дека тоа е многу тешка лига. Благодарам на сите и се надевам дека и следната година ќе биде исто вака. – изјави Роналдо.

Дел од италијанските медиуми пишуваат дека Роналдо изборот на најдобриот фудбалер го следел во својот автомобил се додека не разбрал тој ќе биде крунисан за лаурет во Серија А.

Во идеалниот тим за минатата сезона се најдоја Хандановиќ, Кансело, Кулибали, Киелини, Коларов, Барела, Пјаниќ, Иличиќ, Кваљарела, Запата и Роналдо.

OhridNews