Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески информираше дека сите работници ќе добијат еднократна награда ќе добијат сите работници на општинските јавни претпријатија кои беа теренски ангажирани во текот на продолжениот илинденски викенд, како признание за вложениот труд и успешно реализираните активности.

Упатувам искрена благодарност за нивниот ангажман и посветена работа, која придонесе за соодветно комунално функционирање на градот и покрај огромниот број на туристи, напиша градоначалникот Георгиески.

За време на изминатиот викенд комуналната служба беше активирана 24 часа за подигање на отпад од најфреквентните локации во градот и чаршијата, двосменски се чистеа плажите и се подигнуваше отпадот од потегот на поранешната касарна, градски стадион и Антички театар по одржаните концерти и зголемената фреквентност на гости во градот.

 

 

OhridNews