Познати се победниците на конкурсот што го распишаа Здружението за литратура, култура и наука, Бран 2010 од Струга и списанието Бранувања  за наградите „Јован Котески“ за необјавена поетска збирка и „Крсте Чачански“ за необјавена збирка раскази.

Според одлуката на жирито – Ристо Ѓ.Јачев – претседател и Мерсиха Исмајлоска – член и Милутин Бебековски – член, од пристигнатите 31 збирки поезија за наградата, „Јован Котески“, само 15 ги задоволуваа критериумите на конкурсот, од кои со својата оригиналност, креативност и поетска иновативност се одделуваа збирките на Трајче Кацарев, Александра Николовкса, Бистра Кумбароска, Лидија Стефановска-Черенко…По пречитувањето, комисијата одлучи наградата да ја понесе поетот Трајче Кацарев кој со својата поетска зрелост суптилно создал поестки слики од апстрактни сосотојби, како молкот, формата на молкот…самата форма. Тргнувајќи од мали нешта, слично на Ацо Шопов, проговорил за големината на тишината, така да неговата поезија повеќе од се добива емотивна одлика со што и се доближува до поезијата на Јован Котески. Кацарев својата лична приказна ја раскажал преку стих, ненаметливо и едноставно заслужувајќи ја целосно наградата која му е доделена.-стои во образложението на одлуката.

Според одлуката на жирито – Светална Христова – Јоциќ претседател и Петко Шипинкаровски – член и Наум Бајо – член, реши; од пристигнатите збирки кратки раскази, 8 ги задоволуваа критериумите на конкурсот. Од нив, наградата „Крсте Чачански“  ја понесе збирката, „ПИРАМИДА. ЛАВИРИНТ“ на авторот Христо Петрески.

Збирката кратки раскази „ПИРАМИДА. ЛАВИРИНТ“ е книжевно дело што се одликува со инвентивен исказ од висок ранг. Христо Петрески, овојпат не отстапува од неговиот исклучителното пронаоѓање на теми и мотиви кои што се за прв пат пројавени во македонската книжевност. Неговиот пристап е да обликува форма и да изненади во понатамошната структура на расказот и на поентата. Дело за восхит.-велат членовите на жирито.

Во потесен избор за наградата „Крсте Чачански влегоа делата; “ Печалбарски спомени“ од Петре Димоски“, „ХОММО  ХЕРМЕТИЦУС“ (збирка раскази) на Сашо Димоски„ Прстен “ на Весна Тасеска“, и „МЕГДАН “ на Сузана Ѓорѓиеска.

Доделувањето на наградите и промоција на збирките ќе се одржи на 8-ми јули во Струга.