Претставници на  Охридската академија за хуманизмот наскоро ќе отпатуваат во Москва каде  ќе ја предадат наградата за хуманизам што постхумно Академијата му ја додели на Александар Исаевич Солжењицин, добитникот на Нобелова награда за книжевност во 1970 година.

Во рамките на посетата на делегацијата на Москва познатиот охридски фотограф,  Зоран Велјаноски – Летра ќе има самостојна изложба на фотографии на тема „Охрид – Македонија – трезорот на Европа. Исто така предвидена е и средба на делегацијата од Охрид со министерот за култура на Руската Федерација.

Ohridnews